Те помислив. Те видов. Те сонував.
Се возбудив. Се израдував. Ми беше мило.
Се изгубив. Се враќаме на истото.
Почнав да те гледам каде што не си.
Да те слушам во тишината.
Па дури и те помирисав.
И се појави.
Баш таков каков што те паметев.
Среќен, но сериозен.
Елегантен.
Со истиот тој парфем што толку го обожавав.
Што толку го барав.
Се приближи.
Ме прегрна толку силно, како да бевме единствените преживеани во светот.
Се насмевна, и како да осамна.
Мојава душа се насмевна со тебе.
Се разбудив а ти исчезна.
Веќе те немаше.
Беше само сон.
А беше толку вистинит.
Како да го доживував моментот.
Како навистина да беше тука.
По ѓаволите!
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Commentaires