top of page
Writer's pictureEmerara

Клик

Updated: Aug 11, 2023

"Не се јавувај", така ќе ме потпишеш во телефонот чиниш ќе се погрешам и ќе ти заѕвонам. Знаеш дека нема да се случи тоа. Ти одамна знаеш дека јас не ѕвонам. Јас не барам. Јас нема да те побарам.


Јас сум таа со која сакаше да се фалиш наоколу.

Гордо да ја водиш за рака. Да ја покажуваш на светот.

Таа што те инспирираше.


Кога ќе поминуваш по мојата улица, ќе подзастанеш. Ќе свртиш пред зграда да не случајно баш тогаш решам да излезам. Ќе посакаш да свртиш круг повеќе, па бар на секунда да ме видиш, само уште еднаш. И секогаш намерно ќе проаѓаш одовде, демек успат ти бев.


Ќе свратиш во 7ца да јадиш и ќе се навратиш на онаа вечер со мене. Најнеобичниот дејт што си го имал. Енергијата што ја внесовме со нас во сендвичара. Ги расположивме вработените бар за момент, им ја разубавивме вечерта. Бар насмеани да се вратат дома кај своите после напорниот ден. Јадевме како дечиња, без страв да не се извалкаме. Како да не сме виделе сендвич.

Колку малку треба за среќа.


Кога ќе дознаеш што сакаш и јас точно ќе знам. Сега ни самиот не знаеш.

Јас за тебе сум отворена книга, но ти не си доволно писмен.

Затоа одлучив да се сакам себеси. Затоа што кога се сакаш себеси, тешко некој да те повреди, затоа што ти сам себеси си доволен.


Како да препознаеш дали двајца се еден за друг? Јас велам дека треба да "кликнат".

Има луѓе кои веднаш кликаат.

Има други кои се мачат за да кликнат но, безуспешно. Дека со сила убавина не бидува.

А има и такви што кликаат толку брзо па водени од изреката "премногу добро за да е вистинито" се кочат. Ништо не им оди од рака во животот и се добивале на потешкиот начин па ова им е шок.

Па така сами си ја уништуваат среќата.


Ви текнува на масите од Икеа што треба сами да ги склопите? Или шкаф, полица, небитно.

Секој дел си има свое означено место. Иако некој дел изгледа како да се совпаѓа, во понатамошниот процес ќе сфатиш дека сепак тоа не е правото место. И кога ќе го преместиш и ќе кликне, веќе ќе знаеш дека тоа е тоа. Епа така и луѓево. Или кликнува, или не.


Ако кликне, ти ќе знаеш. И тогаш не се прашувај зошто кликнало.

Ако пак не кликнало, значи и не требало.

И ако кликне, потруди се, дади се од себе. Твоите 100 проценти дади ги на таа една личност, не ги расфрлај на сите страни. Ти одлучуваш дали ќе дадеш на 5 места по 20 проценти или на едно место сите 100 проценти. И ако не успее, да знаеш дека ти си виновен што не успеало.


Како да носиш ранец на себе. Полн со несигурности, бес, страв, трауми, љубомора... Испразни го. Замени го со внимание, комплименти, прегратки...

Почни полека, со тек на време веќе нема да ти тежи толку. Ќе ти остане мир, спокој, разбирање..


Ние се надополнувавме. Излив од емоции, интелигенција, позитива. Како кога држиш некој за дланка и перфектно ја исполнува празнината помеѓу твоите прсти.

Ама бевме само кратка приказна која брзо заврши. Но не доволно брзо затоа што зад себе остави лузни. Лузни на душиве.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺





Related Posts

See All

Диши

3 Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
Guest
May 12, 2023
Rated 5 out of 5 stars.

bravo

Like

Guest
May 12, 2023
Rated 5 out of 5 stars.

bravo

Like
Emerara
Emerara
Aug 11, 2023
Replying to

Gracias

Like
bottom of page