top of page
Writer's pictureEmerara

“Бебаки му”

Updated: May 4, 2023

Што е животот? Како да го живееме животот што го имаме? Кој ни го бира животот? Ние ли го креираме? Чив избор е?

Што е смртта? Кој одлучува кога и како ќе умреме? И што се случува кога сме мртви внатрешно? Кога живееме како роботи? Само празна душа заробена во тело.


Што се случува кога некој е мртов во живот?

Како некој да ти ги пресече нозете и ти побара да пешачиш.

Да ти ги одземе очите и да ти побара да гледаш.

Да ти го искорне срцето и да ти побара да живееш.

Како да дишеш кога си без воздух?

Глупости, нели? Како го правиш невозможното?


И како живееш знаејќи дека си повредил некого? Не обична личност, туку некој што си сакал најмногу. Што ти значел сé. Единствената личност што направила да помислиш за основање семејство. Единствената личност што си можел да ја замислиш покрај тебе во иднина.


Како живееш со цела вина која ја чувствуваш? Бидејќи ја чувствуваш, нели?

Како си простуваш себеси? Како продолжуваш да живееш знаејќи дека си убил нечија душа. Си скршил нечие срце. Уништил нечии соништа и надежи.

Како можев да го направам тоа? На што ли мислев? Мислев ли воопшто?

Што се случи со целата љубов? Како можев да го предадам така? Како можев да го повредам кога сѐ што тој знаеше е да ме сака најмногу?


Тој секако ќе ми опрости, некогаш. Но како да си опростам самата?

Таа ли е причината зошто дојдов во неговиот живот? Да го уништам?

Се мразам себеси за тоа!

Се мразам себеси што го повредив!

Се мразам себеси што го предадов!

Се мразам себеси што не знаев да го сакам толку колку што тој ме сакаше.


Како можев да се качам на тој лет знаејќи дека срцево и душава си ги оставам таму назад?

Знејќи дека сите мои соништа за среќно семејство, за совршен живот, за совршени ние, ќе останат со него. Засекогаш.


Будејќи се знаејќи дека нема да биде покрај мене. Знејќи дека нема да го слушнам велејќи “βεβάκη μου ”. Кој ќе ми го изговара името со сите можни емоции како тој? Најискреноto “Те сакам, βεβάκη μου ”. Преслатко лице, најсигурни прегратки.

Со сите недостатоци и несовршености, тој сепак беше најдоброто што го имав. Но не можам да избришам ништо од тоа. Не можам да го направам невозможното.


*βεβάκη μου (читај veváki mou”) - На грчки значи “бебуле.



Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺


Related Posts

See All

Диши

Σχόλια

Βαθμολογήθηκε με 0 από 5 αστέρια.
Δεν υπάρχουν ακόμη βαθμολογίες

Προσθέστε μια βαθμολογία
bottom of page