top of page
Writer's pictureEmerara

Детектор

Updated: Aug 28, 2023

Втор дел

 

Кога те видов прв пат, бев сигурна дека те знам од некаде. Се почувствував како да те препознав, а не запознав.

Почувствував возбуда како онаа кога конечно сум на концерт на омилениот изведувач.

Патувањето за кое долго се надевав и конечно можам да го реализирам.

Како да ми падна камен од срце затоа што конечно завршив проект кој ми задаваше главоболки и несоници.


Те препознав и длабоко во себе знаев.

Ти си главниот лик од моите соништа. Толку многу сум сонувала за тебе.

Оној на кој никогаш не успеав да му го здогледам лицето. Се будев во моментот кога ќе се свртеше накај мене.

Оној лик што со денови беше заглавен во мисливе.


И секогаш се сомневав дека вистинскиот треба да ми ствара пеперутки во стомакот.

Треба да ми ствара мир и хармонија. Да прави да заборавам на сѐ. Како да медитирам.

Како онаа прегратка што толку болно ми треба кога сум осамена, затворена во соба, без желба за ништо и се ми изгледа црно. Што ми го смирува срцебиењето и ми ја брка анксиозноста. Што прави да дишам полесно.

Што ме грее навечер кога не можам да заспијам од студ и наутро кога не сакам да го напуштам креветот.


Оној мирис кој одеднаш ме обвива, а не знам ни чив е, ни од каде се појави.

Нема никого наоколу. Само јас и мисливе.

Познат ми е, омилен ми е, но од каде знам за него? Кога сум го помирисала? Каде?

Како воздухот во планина кој го вдишувам и дозволувам да навлезе најдлабоко во мене.

Чиниш ќе ме прочисти од цела нечистотија што внатре ми се натрупала.


И на секое од прашањата, “Зошто баш јас? Зошто баш мене ме одбра?”, јас можев да го видам одговорот во твоите очи. Го разбирав иако не знаев да го објаснам.

Затоа што чувствувам дека тоа е тоа.

Интуицијата не лаже. Енергијата не лаже, таа е најдобриот детектор.

И убедена сум дека ние заедно можеме да откриеме што има после бесконечноста.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺

Related Posts

See All

Диши

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
bottom of page