top of page
Writer's pictureEmerara

Диши

А тек сега се ми е јасно.

Јас имам толку многу љубов за тебе, ама не знаев како да ти ја дадам, немав појма како да ти ја пренесам.

Не знаев како да те обвијам со неа па да ја чувствуваш топлината што јас од твоето тело ја чувствував. Секој пат. При секоја прегратка.


Ох Боже!

Имам тетоважа што вели “диши” а јас немав појма како правилно да дишам.

Толку време сум дишела неправилно да сега ми станало нормално.

А толку пати ми имаше речено “диши Олџе моја” и никогаш не се запрашав “ама како?”

Никогаш не се осмелив да те прашам. Од срам.

Никогаш не побарав појаснување. Не побарав да ме научиш. Не побарав помош.


7 4 7 ,еве научив сега. Видиши 7 секунди, задржи 4, издиши 7 секунди.

Научив да дишам правилно.

Научив сама да си ја смирувам анксиозноста.

Научив да уживам и кога наоколу е хаос. Научив да го гледам хаосот и да не ме нервира. Сѐ научив.


Но сеуште учам како да живеам без тебе. Тежок испит е тој.

Во првиот семестар почнав со учење “како да не ми фалиш”.

Во вториот работам на себе. И одлично ми оди.

Во третиот ќе учам како да ги прифатам луѓето такви какви што се.

Во четвртиот ќе учам како правилно да давам љубов некому.


Па дај боже да ми се вратиш до тогаш, за овој пат да те сакам како што заслужуваш да си сакан.

Inshallah




"Inshallah (читај "иншала") арапски збор кој е доста често употребуван од муслиманите и значи "ако даде Господ".”




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺

Related Posts

See All

Comentarios

Obtuvo 0 de 5 estrellas.
Aún no hay calificaciones

Agrega una calificación
bottom of page