top of page
Writer's pictureEmerara

Допир

Updated: Jun 26, 2023

Јас сум твоето врнежливо неделно попладне.

Со топло кафе или чаша вино.

Во градина, под небо сино,

или на плажа на жешкиот песок уживаме,

нашата љубов се повеќе ја впиваме.

Се сакаме до бескрај.

Со сите несовршености.

Со сите недостатоци.

Со цело наше битие.

Без никакви остатоци.


Јас сум твоето загарче.

Те следам наоколу неуморно.

Кога доаѓаш дома ти се радувам,

кога си одиш - тагувам.

Па цел ден чекам да те видам,

само така , спокојна ќе бидам!


Јас сум твоето мече плишано,

се топам во твоите прегратки.

па макар биле најкратки!

Како на лице да ми е испишано,

дека со поглед ме излудуваш,

кога не си до мене - ме полудуваш,

со секој нов допир,

се повеќе ме заљубуваш.


Со тебе сѐ ми е убаво.

Тишината ме опушта.

Кавгата ме созрева.

Разговорот ме смирува.

Твојата поддршка - душа ми милува.

А тоа нам не засилува.

Твоите очи, ми предизвикуваат морници.

Твоите усни, најслатките соговорници!

Твојот допир - што кожава ја гори,

нека не престанува, та све да изгори!


Од помислата се наежив,

ваква љубов - со што ли заслужив?!

Цела таа твоја добрина,

ми ја покажа животната суштина.

Ме научи да сакам неизмерно,

и го направи тоа намерно!

Та од мојава љубов да не куртулиш,

во моево срце да се доселиш.

Ме научи без сомнеж да ти верувам,

за секоја работа да ти се доверувам.


Внимателно ме слушаш секогаш,

иако те замарам понекогаш!

Јас ништо не знам да премолчам,

само ако ме бакнеш - ќе замолчам.

А секогаш кога ме бакнуваш,

на твоите усни ме навикнуваш.

па после не можам да се одделам,

ако сум без нив подолго - ќе се поболам!

Ах колку те обожавам!




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺



48 views0 comments

Related Posts

See All

Диши

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
bottom of page