top of page
Writer's pictureEmerara

Филм или серија

Понекогаш, седам и си го премотувам нашиов филм.

Историја од “ups and downs”.


Беше Мај 2015 кога прв пат те запознав.

Можеби и Јуни, не се сеќавам најдобро.

Повлечен лик. Мирен. Тивок.

Ќе речеш дури и забеган.

Случајно се погодивме некаде заедно.

Кој ли да памети каде беше, колку години поминаа.


Јуни 2016

Те среќавам кај другарка у маало.

Одново се запознавме

И името ти го бев заборавила.

Срам ми беше да признаам,


Септември 2017

Другарка ме убедува да и правам друшто.

Ќе идела на гости.

Типов само што се беше преселил.

И било незгодно да иде сама.

Отидов што да и правам.

Ааа па го знам ликов.

Одамна не сум го видела.

Сеуште е мирниот лик.

Мноогу паметен. На лице му пишува.

Среден живот.

Најубаво му е.

Ние уште лудуваме.



Јули 2018

Заборавив и дека постоиш.

Ми требаа 5 минути да се сетам кој беше.

Животот некако пак ни ги вкрсти патиштата.


Декември 2019

Станавме пријатели.

Пиевме кафе понекогаш.

Отидов во странство.

Останав во странство.

Отиде и ти.

И остана.

Повторно се разделивме.

Се заборавивме.


2022

Понекогаш се задевавме.

Нели пријатели.

Остана бледа комуникација на социјалниве мрежи.

Некогаш е добро што постојат.

Се вратив назад.

Се врати назад.

Се видовме.

Продолживме да се гледаме.

Се слушавме.

Се бацивме.

И продолживме.

А дај боже и да останиме.

Дај боже.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺

Related Posts

See All

Диши

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
bottom of page