Се разбудив и тогаш сфатив дека тоа е се што сакам.
Да се будам покрај тебе секој ден.
Ми ги прочита мислите.
Не дочека ни да ти посакам добро утро.
Ме замоли, со најубавата насмевка, со најискрениот глас ¨пресели се кај мене¨.
Не ме праша ниту дали сакам. Без заобиколување, без размислување.
Веќе знаеше што сакаш. Веќе беше одлучен.
Ме прегрна најсилно и како да ме молеше, "дојди овде да живееш" - ми рече.
"Да одиме да земиме сé што ти треба. Да се будиме заедно секое утро. Дозволи ми да те гледам бушава и нерасонета. Најубава.
Да те чешкам додека не заспиеш, да те гушкам додека не заспијам.
Да те љубам тогаш кога ќе посакам, без препреки.
Да не морам да возам ниту 15 минути за да стигнам до тебе.
Да си на чекор од мене, па ни толку!
Да те имам во 1 наутро, и во 1 на пладне.
Да ти носам појадок во кревет, збогатен со неколку прегратки и безброј бакнежи.
Да не морам да се разделам од тебе. Да не чекам ниту 2 дена да те видам после ¨чао¨.
"Се гледаме подоцна" - да биде нашето збогум.
"Ајде да разговараме" - да биде решение на секој наш проблем.
"Како спиеше?" - да биде нашето добро утро.
"Те сакам" - да биде нашето добра ноќ.
Дојди овде. Биди моја. Денес, утре, секогаш. Засекогаш.
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Comments