top of page
Writer's pictureEmerara

Грешен правец


Прв дел

 

Дали некогаш сте размислувале за тоа како и колку се се менува со текот на годините.

Еве да зборуваме за луѓето. Нивните навики, верувања, сфаќања, нивниот начин на живеење пред сто години и сега.

Како тие биле воспитувани, и како тие воспитуваат.

Милион луѓе, милион различни размислувања. Сите треба да имаат една цел, да бидат подобри за себе, и за тие најблиските.

Нели е тоа најбитно на светов?

Сметам дека не треба да правиме како нам ни правеле, само затоа што така не научиле.

Не мора да значи дека тоа "школо" е правилно.

Околностите се смениле.

Светот оди напред, оди и ти со него.

Не држи се во минатото, заминало.

Не држи се за старите навики, веќе не се корисни.

Приспособи се на новостите.

Нели никогаш не е доцна?

Остави ја иднината, далеку е.

Не е битно што ќе оставиш зад тебе во иднина, после тебе, ако во сегашноста оставаш само празнина. Црнило. Негатива.

Нека не те води материјалното, ирелевантно е.

Води се со душа. Со срце.

Пушти го лошото.

Ако само на него се фокусираш, само тоа и ќе ти се случува.

Ако ти постојано ги гледаш луѓето како да се оддалечуваат, ќе се оддалечат.

Ако го гледаш злобното во луѓето, тоа и ќе изнудиш од нив, злоба.

Ако пак убавина гледаш, љубов даруваш, и ќе ја добиваш.

И секогаш ќе повторувам, запрашај се себе, зошто е така како што е?

Запрашај се зошто те оставаат луѓето?

Запрашај се зошто те забораваат.

Запрашај се себе.

Тргни од себе.

За добро и за лошо, прво одгледај се.

Работи прво на себе, па после барај грешки кај другите.

Ако злото бега од тебе, не трчај по него. Смени го правецот.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺


Related Posts

See All

Диши

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
bottom of page