Има повеќе видови патувања.
Од оние што ти предизвикуваат еуфорија и возбуда.
Што би рекле за арно, за убаво.
На одмор, фестивал, семинар или онака на викенд .
Во државата или надвор од неа.
Патувања.
Од оние што те растажуваат. Кратки се.
Ама не ти е сеедно дека сепак е разделба. Најчесто надвор од државата.
Но кога ќе се навикне душата на некој.. Таа една недела ти се чини цела година е.
Си се навикнал да се будиш од нејзините бакнежи, а сега треба се будиш со аларм.
Си се топлел во нејзините прегратки, а сега треба со ќебе да се обвиваш.
Си се расонувал со нејзиното чисто лице, сега зјапаш во телефонот. Скролаш непотребно по инстаграм. не ги ни дочитуваш објавите.
Покрај неа ни телефонот не знаеше каде ти е, а сега од раце не го оставаш. За ако стигне порака од неа, да не чека премногу долго за одговор , веднаш достапен да си.
Распеана по дома, куќата ти ја красеше, а сега кој да ти запее? Реклами на телевизор колку да не е тишина. Дека така мислите се погласни се.
Ахх патувања.
Смислуваш изговори за да не одиш, а задолжително е. Не можеш да откажиш. Карактерот не ти дозволува.
А се би дал да се откаже проклето патување.
И нормално, има и такви што болат.
Што те оставаат во исчекување.
Одбројувањето до самото поаѓање кое истоштува.
Чекањето на аеродром, последните мигови заедно.
Боли поеднакво од двете страни.
Боли поаѓањето колку и чекањето.
А кога ќе се вратиш?
А ќе се вратиш ли?
Нема да ме заборавиш, нели?
Не смееш. не постои таа опција.
Ајде оди помини си убаво, и врати се брзо, важи?
Те чекам овде.
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Comments