Прв дел
Во секундата кога твоите усни ги допреа моите, нешто внатре во мене се преврте. Телово се преполни со нешто што наликуваше на адреналин. Појма немам што беше! Се појави изненадно.
Сосема непознато, сосема ново.
Твоите усни, толку меки. Ја истражуваа мојава уста како да копаа злато.
Со истото нетрпение на детенце кое отвара подарок.
Со истото срцебиење како во моментот кога гребиш билет за лотарија.
Имав импресија како да си пронашол нешто што премногу долго си барал.
Се се случи толку брзо.
Секоја една од твоите нежности оставаше лузни по кожава.
Отпечатоци за цел живот. Како изгореници.
Ама овие твои отпечатоци, ох тие и те како остануваат засекогаш, за цел живот!
Почна полека да ме галиш. Да го истражуваш моево тело со твоите свилени раце. Движејќи ги полека, предизвикувајќи го моето треперење.
Дај боже и да не прекинеш!
И така секој допир ми го забрзуваше срцебиењето прескокнувајќи отчукувања.
Се сакавме со целата страст што ја збираше во телава. Со сите емоции што можевме да ги побудиме.
Само што ќе го здогледам твоето лице, уште толку ме возбудува. Тоа што ти уживаш прави јас да уживам уште повеќе. Помислата на тебе прави да те посакувам. Тоа лице од љубов и среќа. Целата моја внатрешност е поместена.
Ме заљуби. Ме полуди. Луда сум по тебе.
Ах уште да знаев каде да те најдам. Каде да те побарам.. ќе го направев тоа!
Да те имам уште еднаш.
Да се заљубам уште повеќе.
Бар лицето да ти го видев.
Но не... Или можеби веќе го заборавив...
И се разбудив..
Се разбудив не знаејќи, кој си ти?
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Comentários