top of page
Writer's pictureEmerara

Кукавица за љубов

Updated: Aug 11, 2023

Има денови кога имам премногу да кажам, но се плашам како ќе реагираш на тоа. На крај се одлучувам да го споделам на лист хартија. Листов не суди, не се лути, не критикува... Само ги абсорбира информациите кои ги споделувам. Ги впива без да има повредени во процесот.

Или на компјутеров бидејќи листот се мокри, овде барем солзиве не прават штета.


Запознаваш некого. Интересен лик, интелигентен... ги исполнува повеќето од твоите стандарди, впрочем пола од тие стандарди се основа, минимум што секој треба да го поседува. Остваруваш комуникација и доаѓаш до заклучок дека имате многу заеднички теми на кои би разговарале. И уште толку кои би можеле да ги размените меѓусебно.


Научи ме да скијам - ќе те научам да танцуваш.

Научи ме да бојам - ќе те научам да црташ.

Научи ме да разговарам - ќе те научам да пишуваш.

Научи ме да се отворам - ќе те научам да слушаш.

Научи ме да се извинам - ќе те научам да простуваш.


Не ме познаваш. Знаеш дел од мене, оној што јас ти дозволив да го видиш.

Не те познавам. Знам она што ти ми дозволи да видам.

Но знам дека позади тој сарказам се крие многу.

Немој да го криеш. Дозволи ми да го запознаам тој дел од тебе, па макар бил мрачен.


Имам едно златно правило кое секогаш го користам, "не прави го тоа што не сакаш да ти го прават".

Не сакаш да правиш нешто? Тоа е сосема во ред, кажи го тоа на глас.

Не сакаш да излезеш? Тоа е сосема во ред, кажи го тоа на глас.

Не сакаш некој да те замара? И тоа е сосема во ред, кажи го тоа на глас.

Не сакаш да разговараш? Кажи го.

Што и да е тоа што го мислиш - кажи го.


"Не", е целосна реченица. И секој треба да го разбере тоа.

Многу е подобро да кажеш што мислиш, што чувствуваш.. и за тебе, и за другиот.

Исто е и со добрите работи.


Убаво изгледаш.

Убаво мирисаш.

Ме смееш.

Со тебе заборавам на сите мои проблеми.

Ме инспирираш да работам на себе.

Правиш да сакам да научам нешто ново.

Убаво ми е со тебе.

Сакам да сум до тебе, со тебе.


Но, се плашам.

Што ако и ти ме повредиш?

Што ако ти се отворам, и ти не го цениш тоа?

Што ако при првиот проблем наместо да го решиме, ти исчезнеш?

Што ако во моментот кога ќе треба да се бориш за мене, ти се откажеш?

Што ако ми кажеш дека ме сакаш, и следниот ден исчезнеш?


Се плашам.

Што мислиш? Што чувствуваш? Што сакаш од мене?

Што и да е - кажи го!


Се плашам.

Не сакам да се препуштам, ќе се покаам.

Не сакам да давам љубов иако имам премногу.

Гледам добрина, но се плашам да не е уште една маска.


Не барам совршено, затоа што не постои.

Не барам Гучи чанта, истата функција ќе ја има со обичнава.

Не барам Шанел парфем, ќе се задоволам со Орифлејм.

Само сакам да си искрен, да сум на чисто. Затоа што, ¨чиста сметка - долга љубов.¨

Не барам многу, нели?


Помогни ми да го поминам стравот и да се препуштам. Да ТИ се препуштам.

Помогни ми да ги излечам траумиве.

Докажи ми дека си различен, дека можам да ти верувам.

Докажи ми затоа што во спротивно страв ми е да ти се приближам..

Кукавица сум, признавам.

Кукавица за љубов.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺


 


Related Posts

See All

Диши

2 Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
Guest
May 22, 2023
Rated 5 out of 5 stars.

taka e svaka cas

Like
Emerara
Emerara
Aug 11, 2023
Replying to
Like
bottom of page