top of page

Љубов без потпис

Updated: Mar 13

Како знаев дека не е за мене?

Едноставно беше.

Кога љубовта не е само зборови, туку целосно предавање на своето срце, душа и тело, знаеш дека тоа не е само привремена страст, туку вечен избор. А тоа е најважниот избор што некогаш ќе го направите, затоа што таа една личност е сè што ќе остане кога сите други ќе заминат.


Како што велиме во венчалниот завет: „Те земам за сопруг/сопруга, да те љубам и почитувам во добро и во лошо, во богатство и во сиромаштија, во здравје и болест, додека смртта не не раздели“. Тие зборови, тие ветувања, беа нашата основа, нашата светлина. Секој збор тежеше како да е скован со најчистото намерно чувство, како ветување пред Бога, како договор што не смее да се прекрши.


Тој се откажа од мене предвреме, пред да го споделиме вистинскиот терет на животот. Кога обврските станаа потешки и од љубовта, кога проблемите што нѐ тестираат на вистински начин надојдоа, тој не беше тука. Тој не беше спремен да ме држи за рака. Ме пушти.

Тој не беше спремен да се потпише на вечна љубов, а без тој потпис, љубовта останува невидлива, оставена да се распрсне како прашина во времето.

Секаде зборуваме за љубовта како приказна од бајка, но никој не зборува за вистинската тежина на заветот. Овој завет не е само за радоста и смеењето. Тој е за љубовта која не отстапува, за патот што го одиме рамо до рамо, дури и кога не се гледа крајот. Тоа е за почитта која не се губи ниту кога срцето трепери од болка.


Тој не беше спремен да се соочи со тежината на ова ветување. Тој не беше спремен да се заколне на љубов што не е само весела и светла, туку и тешка и темна кога животот е премногу суров.

Не го обвинувам. Можеби не беше негово време да се сврти кон вистинската љубов. Можеби за него, овој завет не беше нешто што можеше да го носи.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺







Comentários

Avaliado com 0 de 5 estrelas.
Ainda sem avaliações

Adicione uma avaliação

Приватност

bottom of page