Љубов која не избледува
- Emerara
- Apr 18
- 1 min read
Љубов, нешто толку прекрасно. Нешто магично.
Се заљубуваш и веќе си друга личност.
Имаш други приоритети.
И карактерот ти се променил.
Дишиш полека. Чувствуваш мир.
Така ми се случува со тебе.
Те гледам и не можам а да не му се заблагодарам на Бога што те имам.
Не можам а да не ти се заблагодарам што си во мојот живот.
Затоа што правиш се што сум сакала некој да направи за мене.
Затоа што правиш се што посакувам, без да проговорам.
Правиш се и без да се трудиш.
Ти си се што сум сакала.
Ти ми се насмевнуваш, а јас се колнам, тоа е мојата омилена насмевка. Ја обожавам.
Ме допираш, а јас веќе летам.
Среќна сум што те имам.
Сега знам дека моите раце се направени за тебе.
Мојата душа е создадена за твојата.
Тоа е како да кога не создале, ни ставиле два уреди, еден во мене и еден во тебе.
И нашата судбина била да се најдеме.
Да се сакаме до крај.
И извини, но во мојот ум веќе сме маж и жена.
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Comments