top of page
Writer's pictureEmerara

Малечка, веќе не си изгубена

Втор дел

 

Ете, малечка! Помина се!

Помина времето на осаменост и тага.

Сите оние мали рани, кои пецкаа како домат на исекотина, сега се затворени, нели?

Нема веќе талкање по непознати улици, ниту страв од непознатото.

Патот по кој одеше, иако студен, не можеше да ја победи твојата топлина.

Правецот кој изгледаше толку грешен, сепак те донесе на вистинското место.


Како што тогаш знаеше да и веруваш на дадичката, само затоа што ја виде искреноста во нејзините очи, кои ги рефлектираа твоите расплакани, така сега ќе си веруваш себе.

Како што тогаш смело и објасни и ја упати, така сега себеси ќе се водиш низ животот и низ се што тој носи со себе.

И тежината не ти можи ништо. Ти си борец! Посилна од сите препреки.

И подај рака секогаш, како што тебе ти подадоа. Но не пружи ја премногу, да не те потегнат надолу.


Ете, малечка! Повеќе не си изгубена!

Не си веќе седумгодишното девојче што не знаеше каде оди или каде ќе заврши.

Сега не ти треба никој да те пронајде. Сега знаеш каде си. Знаеш каде сакаш да бидеш.


Како се чувствуваш? Како ти е сега кога знаеш колку си силна? Кога знаеш дека не чекаш никој затоа што се пронајде самата себе? Дали си горда на себе, толку колку што сум јас на тебе и на целиот напредок што го постигна?

Дали сега ја гледаш својата големина? Низ моиве очи ти си токму она што треба. Низ моиве очи ти си најхрабра.

Малечка, веќе не си изгубена!




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺



Related Posts

See All

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
bottom of page