Поглавје 2
Отидовме во Скопје со другаркиве. Бевме во една дискотека. Танцувавме, славевме роденден на Лаура, малку забава на секој му годи, зарем не? Не можевме да се сопреме од смеење од глупостите на Лаура.
Се свртев за секунда и гледам едно момче кое не го трга погледот од мене. Ми се смешка како да штотуку добил на лотарија. Изгледаше како да е најсреќниот маж на светот.
Почнав да ја играм неговата игра и продолжив да го гледам. Го гледав се додека не го предизвикав да ми се приближи за да разговара со мене. Ми кажа дека се вика Матео. Имаше зелени очи кои блескаа и насмевка што може да заљуби секого.
Разменивме ФБ и Инстаграм и разговорот продолжи и во наредните денови. Се изненадив колку си личиме па дури и истите работи ни се допаѓаат. До сега не ми се случило да запознаам некој толку сличен на мене. Мојата душа близначка?
Деновите минуваа а желбата да бидам во негова близина се повеќе растеше. Секој викенд одев во Скопје за да го видам. Викендите во негова близина ми се чини беа моите омилените. Се беше совршено. Премногу добро за да биде вистина.
Имав лошо претчувство но не му обрнав многу внимание. Го игнорирав како што ги игнорирам оние измамниците што ѕвонат да ти продаваат ствари.
Тој излади преку ноќ. Престана да ми ѕвони и да ми пишува. Ако прашав каде бил цел ден, ќе почнеше да се дери, да се расправа.
Цела недела се обидував да ја смирам ситуацијата и да разберам што по ѓаволите му се случуваше. Што ли му направив? Каде ли погрешив? Дали го повредив? Не пронајдов одговор.
Малку по малку се оддалечуваше од мене.
Сме биле далеку, тоа му претставувало проблем, не можел вака повеќе...
Од каде ли излезе сега ова?
За миг се смени 180 степени. Како да разговарав со комплетен странец. Како да му здодеав. Далечината била голема, човече! Збориме за 170 киломентри. Само 2 часа со кола побогу! Мислиш живеам во Америка.
Одлучив да ја почитувам неговата одлука па прекинав да му пишувам и да го барам.
Поминаа две недели исполнети со тага. Колку и да се обидував не можев да не го мислам.
Се беше закачил толку цврсто во мене, како крлеж на мојата кожа, што самата помисла на него правеше да се чувствувам како да ми се одделува кожава.
И знам дека не треба да го мислам повеќе.
Знам дека е најправилно да те избришам од мисливе, но копчево за бришење не функционира повеќе.
Пробав да не пуштам солза, но вентилот се беше расипал. Плачев додека мојата внатрешност не пресуши. Се претвори во пустина.
Дали може некој да дојде да ми ги избрише неговите отпечатоци од мене? Постои ли некоја операција? Нешто, побогу! Што било!
Веќе нема што да се прави.
Јас секако дојдов да живеам во Скопје, бар да почекаше 2 недели пред да ме оттурне.
Можеби сепак не беше мојата душа близначка. Толку го идеализирав што не бев способна да ја согледам реалноста. Сега кога конечно ја гледам...
Знам дека тој не заслужува ниту поздрав, ниту еден последен збор...
Ниту збогум...
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Brao odlicno
kakov presvrt