top of page

Од овој момент...

Од овој момент — тоа беше нашата песна.

Таа што требаше да свири на нашиот прв танц.

Секојпат кога ќе ја слушнев, очите ми се полнеа со солзи.

Солзи од среќа. Солзи од љубов. Од надеж.


А сега?

Солзи од тага. Од загуба. Од тишината што остана меѓу нас.

Колку брзо се смени значењето на „од овој момент“...

Колку брзо од „скоро венчани“ станавме странци.

Ти — странец што го познавам подобро од себе.

Чиј мирис го препознавам од километар.

Чиј облик можам да го нацртам дури и со врзани очи.

Странец што некогаш ми беше дом.


Животот, од овој момент, продолжува.

Но веќе не е наш.

Сега започнува мој. Започнува твој.

„Наше“ — повеќе не постои.


Од овој момент, ти си „тој“.

Но не тој што ќе го држам за рака до старост.

Туку тој што ме научи најважната животна лекција.


И да, има вистина во песната...

Од овој момент, па до крајот на мојот живот, ќе те сакам.

Можеби нема да трае толку долго.

Но сигурно ќе останеш мојата најдлабока рана.

Најискрена и најчиста љубов.

Најслатко „добро утро“, најтопло „добра ноќ“.


Ќе одам напред... Но никогаш целосно без тебе во срцево.















Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺






Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Приватност

bottom of page