top of page
Writer's pictureEmerara

Пауза

Updated: Aug 25, 2023

Поглавје 4

 

Се разбудив на болнички кревет. Избезумена. Сеуште не ми дозволуваат да те видам.

Не ми кажуваат како си. Последно што дознав е дека си во критична состојба и да се спремам за најлошото.

А како се спрема човек за нешто такво?

Ми ги санираа раните, примив инфузија.. Целово тело ме болеше. Како да ме беше прегазил камион.

Кога најдокрај ми дозволија да станам излегов од собата. Во ходникот беше цела твоја фамилија.

И тие немаа информации. Никакви новости. Рекоа ти правеле разни испитувања.


Часовите минуваа. Доктори влегуваа и излегуваа од твојата соба.. Беше на неколку чекори оддалечен а чувствував како да беа километри.

Прашања од сите страни. Секој сакаше да знае што се случило. Како сме паднале во реката.

Им раскажав на кратко, барем за тоа што можев да се сетам во целиот тој хаос.


Им кажав дека требаше да ме однесеш до дома и на пола пат си се премислил...

Им кажав дека се расправавме но не и зошто..

Им кажав дека не сакаше да ме однесеш дома и продолжи да возиш...

И им кажав дека не се сеќавам како изгуби контрола. Не се сеќавам како излетавме од патот.


Дојде и девојка ти. Неа што да и кажам? Вистината, како да твојава ситуација не и е доволна. Или да скријам, за да не ја докрајчам.

Ме праша што правевме заедно. Дали се случило нешто помеѓу нас.. Не и ни беше гајле за мене и за тоа како јас се чувствував. Но, не ја обвинувам.

Но не, не можев да и кажам дека ме молеше да ти дадам шанса.

Не можев да и кажам дека ми искажуваше љубов.

Не можев да и кажам дека се лутеше што сум била со друг во дискотека.

Нити дека ми кажа како наводно сум била само твоја.

Не се осмелив.


И реков дека само си се понудил да ме однесиш до дома, па потоа сме почнале да се расправаме и си продолжил да возиш...

И реков “Не секирај се, тој те сака”..

Се свртев и тргнав да излезам на воздух.


Во тој момент докторот излезе и се упати накај нас. Сите бевме во исчекување...

-“Фамилија на Матео?”

-“Да, ние сме.. како е докторе?”

-“Направивме се што беше во наши раце.”


Зборовиве ме пресекоа... занемев. Почнав да губам свест. Ми беше страв да дослушам што има да каже понатаму...


-“За жал, Матео е во кома. Не знаеме до кога ќе биде, дали и кога ќе се разбуди... останува само да чекаме и да се надеваме, и да се молиме за негово брзо закрепнување.”


Докторот продолжи да објаснува што довело до тоа... Но, не успеав да дослушам што друго зборуваше... Не бев способна да го задржам фокусот.

Матео е во кома. Може доживотно да остане така, може да се разбуди па да не се сеќава на ништо, може и да не се ни разбуди...

Нашава долгогодишна... ситуација, тука ли ќе заврши?

Вака ли ќе заврши?

Вака ли ќе се разделиме?

Ова ли е нашиот крај? Ова ли?




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺


Related Posts

See All

5 Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
Guest
Sep 24, 2023
Rated 5 out of 5 stars.

Aww

Like

Guest
Aug 07, 2023
Rated 5 out of 5 stars.

омилениот! 😍

Like
Emerara
Emerara
Aug 11, 2023
Replying to

Баш ми е мило!

Like

Guest
Jun 27, 2023
Rated 5 out of 5 stars.

bravo😚

Like
Emerara
Emerara
Aug 11, 2023
Replying to
Like
bottom of page