top of page
Writer's pictureEmerara

Прекината линија

Updated: Dec 12, 2024

Поглавје 7

 

Тој: Здраво, може ли да зборуваме?

Јас: Немој да се мачиш после толку време…

Тој: Ти не си мака ти си мојата желба.

Јас: Епа животе мој, жалам ама ќе останам единствената твоја неостварена желба.

Тој: Што треба да направам за да не си одиш од мене? Само кажи...

Јас: Љубов сега е касно за да правиш било што. Јас веќе се помирив на идеата дека ќе добијам шанса.

Веќе не сакам да фантазирам и да си правам сценарија кои никогаш нема да се исполнат.

Тој: Затоа што не сакаш да се исполнат. Остави времето да тече и ќе видиме што ќе биде со нас.

Јас: Времето премногу долго течеше, течеше се додека не извлечи се и не остави ништо назад. Па ни капка надеж.

Тој: Не е така. Јас секогаш бев тука. Секогаш бев спремен да те ислушам и да ти помогнам со што и да треба, во времето кога и да затреба.

Јас: Да љубов, ти беше тука само кога ќе посакаше, а не кога ми требаше.

Ќе се борев против сите и против се.

Ќе се борев за тебе, за мене, за нас у за се она што можевме да имаме и никогаш немавме.

А сега ми останува да се борам со себе.

Да се борам да не сонувам со тебе.

Да не ги чекам твоите повици кои и така никад нема да дојдат.

Очиве да не ми се насолзуваат кога мозоков одеднаш се насочува накај тебе.

Усниве да не ми се сушат после изговарање на твоето име ниту пак да обрнувам внимание кога ќе го слушнам.

Како секоја втора личност наоколу да го има твето име.

Ме прогонуваш и не можам повеќе вака.

Не сакам повеќе вака! Не ми ѕвони повеќе...

Тој: Тоа сакаш? Ајде да се видиме и кажи ми го тоа во лице, гледајќи ме во очи!

Јас: Не можам затоа што секогаш кога ме погледнуваш се губам и заборавам на се.

Не е тоа што сакам, туку тоа што морам да направам.

Ти не знаеш ниту да ме почитуваш ниту да ме сакаш.

Остави да пробам да те заборавам.

Ајде остави ме веќе! Збогум!

Тој: Лусија почекај, посакувам...


(Прекината линија)




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺








Related Posts

See All

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
bottom of page