Зошто да бидеш опција кога можеш да бидеш приоритет?!
Зошто да сакаш без да бидеш сакан?!
Зошто да чекаш некој да дојде за да ти донесе тишина кога можеш и сам да уживаш во тишината?!
Зошто да чекаш некој да најде време во својот распоред, кога можеш да бидеш нечиј цел распоред?!
Зошто да бидеш нечиј втор план кога можеш да бидеш нечиј единствен план?!
Зошто да промениш сé за некој кога истата таа личност не би ја променила ни дневната рутина за тебе?!
Зошто да ја дадеш својата доверба некому ако не ти верува ниту за наједноставните работи?
Зошто да планираш иднина со некој што не те сака ни во сегашноста?!
Зошто да се држиш за нешто што очигледно ќе се скрши?!
Само прашање на време е...
Како да ги ставаш сите свои вредности во скината пластична кеса. На крајот сепак ќе ги изгубиш.
Па, кажи ми, дали би бил опција, кога можеш да бидеш нечиј приоритет?!
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Commenti