top of page
Writer's pictureEmerara

Произведено во Кина

Пред една година бев во странство.

Многу се изненадив од тие што ги сметав за блиски. Луѓе што верував дека ќе ме заборават во првата недела, се сеќаваа на мене повеќе од што некогаш би помислила. Додека пак “блискиве” (ќе го ставам во огромни наводници)..

Ах.. колку тешко издишување. Секундарно ми се враќа цела таа празнина што ја бев чувствувала..

Горчината која мислев ќе ја оставиш и ќе изветрее како заборавена кока кола.

Но, не. Оваа и по цела година гори. Гребе на грлото. Газирана е.

Како толку грешиме со проценка на некои луѓе?

Како облеката што ја порачуваме од интернет, да не речам од Али Експрес...

Претставено е како врвен квалитет, а толку ниска цена. Порачуваш, можеш да си го дозволиш тоа а и одлична зделка е. Со возбуда го чекаш месец, два.. некогаш и три. И ќе пристигне.


Така и во животот.

Ќе дојде некој. Велиш конечно. Ме разбира, ме поддржува. Прекрасен е!

Е да се навратам на облеката... како што таа со секое перење губи облик, се смалува, избледува... се трансформира во ново парче... така и другариве. Во едно деноноќие преминуваат од фамилија во странци. Па и подалечни.

Ако веќе не му требаш, пуф! Испарува.

Веќе ништо не е битно. Веќе ништо не се памети. Дека веќе нема што да земе од тебе. Празен си. Непотребен.

Само далечината ќе ти покаже што значи “во добро и во лошо” батали се друго. Што подалеку, толку подобро, малку време, и се ќе ти се разјасни! И тогаш ќе ја сфатиш изреката “далеку од очи, ама не од срце”.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺

Related Posts

See All

Диши

2 Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
Guest
Aug 11, 2023
Rated 5 out of 5 stars.


Like
Emerara
Emerara
Aug 11, 2023
Replying to
Like
bottom of page