Поглавје 3
Денес се разбудив малку зашеметена. Го сонував првиот пат кога излеговме заедно. Отидовме на вечера со некои пријатели во мексиканскиот ресторан. Неколку пива и веќе сите почнаа да се отвораат. ¨In vino veritas¨ или во случајов вистината е во пивото.
Сакаше да знаеш сè за мене. Како некој инспектор. Како да сум на суд. Но, воопшто не ми беше гајле за тоа затоа што само ме увери дека ти се допаѓам.
Отпрвин, бидејќи не зборуваше многу, мислев дека не ни забележуваше дека сум покрај тебе. Колку бев грешка!
Бидејќи дојдов со такси, мораше некој да ме врати дома. И секако, бидејќи беше толку очигледно дека се допаѓаме, ме оставија во твои раце. Нашата хемија се разлета насекаде, како бактериите кои се наоѓаат во воздухот. Со нашата среќа ги заразивме сите. Околу нас се ширеше позитивна енергија.
Не знам што се случи, но решивме да одиме во диско. Си поминавме одлично.
Продолживме да пиеме. Речиси и се опивме.
Тогаш дојде мојот бивши. Сакаше да зборува со мене А јас, луда по него, како да му кажам не? Излеговме надвор. Пред дискотеката. Разговараме. Беше толку токсичен што ми викаше, што сум правела со друг, како сум се осмелувала, оваква пијана и не знам што друго. А ти си тој што има девојка. Хахаха. Колку смешно!
Не сакав да правам скандали пред сите и решив да одам со тебе во секој случај. Јас не бев толку пијана, но ти... ох, боже, си претерал.
Не знаев ни каде одиме, толку многу се расправавме што мојата глава не сакаше да се сети на сите тие глупости.
Сè ми кажа. Ти знаеше за љубов само кога пиеше. Во спротивно, не можеше да бидеш искрен. Ти секогаш беше слаб. Кучкин син!
Ти реков да ме оставиш дома. А ти… Ми пееше како да славиме нешто. Како сè да е беспрекорно. Небаре седам со дете, а не со маж. Со нетрпение го чекав денот кога ќе пораснеш.
Но тој ден не дојде. Возеше толку брзо како да не ти е важен животот. Ни сопствениот, а камоли мојот. Јас бев исплашена. Без прекин инсистирав да ме оставиш каде било, ти повторував одново и одново . Ќе земев такси. Моите зборови не значеа ништо за тебе. Ја засили музиката уште повеќе и продолжи да ме игнорираш.
Возеше до периферијата на градот. Немаше начин да пешачам до дома, дури и ако застанеше. Се откажав и те оставив да одиш каде сакаш.
Не знам што се случи. Јас не се сеќавам. Разумот ми го избриша тој дел.
Го видов дедо ми, нека почива во мир. Видов како ми вика да се разбудам. Да се борам за мојот живот.
Не знаев за што зборува. Бев толку преоптоварена. Не можев да дишам. Се давев. Ме болеше градниот кош. Дедо ми ме тресеше, ми викаше да не се откажувам. Ме држеше со рацете и ме протресуваше додека се дереше да ги отворам очите.
И ги отворив. Не знам како паднавме од мостот. Но, бевме во реката. Со последните сили станав. Пробав да те разбудам. Го повикав твоето име. Го скршив прозорот и излегов од автомобилот.
Дојдов од другата страна. Се обидов да ти помогнам. Не знам каде ја добив способноста да ја отворам вратата.
Не ми одговори. Не дишеше. Се обидов да те оживеам давајќи ти уста на уста. Само да се разбудиш, па макар морала да те слушам дека намерно сум го направила тоа, само за да те бакнам.
Викав за помош колку што можев погласно. Дојдоа некои соседи кои ја беа слушнале бучавата што ја направивме кога го пробивме мостот и паднавме во реката. Ме прашуваа работи на кои не го знаев одговорот. Само сакав да ги отвориш очите. Да видам како ти се движат градите. Да видам дека дишеш.
Години подоцна пристигна брзата помош. Тие петнаесет минути чекање ги чувствував како децении не како години.
Медицинската сестра се обиде да ми ги залечи повредите. Дали ме повредија? Човекот што го сакам е тука, речиси мртов, а таа ме прашува дали ме болат неколку гребнатинки на телото. Срцето ме боли. Се гушам. Нормално дека боли побогу! Какви глупости!
Пристигнавме на клиниката.
Јас во една просторија, ти во друга. Јас со некои гребнатини, а ти на интензивна нега. Не ми дозволуваат да те видам.
Состојбата ти е многу критична. Докторот рече да сум подготвена за најлошото. Дека немаш големи шанси да преживееш. Повредите се многу сериозни. Гласовите се мешаат. Ми се врти. Шумови. Ништо не гледам. И... се онесвестив.
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
bravo devojko