Поглавје 6
Поминаа скоро 2 недели. Најлошиот период од мојот живот. Секој ден чекав добри вести. И само чекав.
Се молев да се разбудиш. Што друго можев да правам?
Прекинав да јадам. Храната не поминуваше низ грлово. Пиев кафе и вода.
Не знам ни како преживеав.
Беше сабота. Сакав да одморам… Бев уморна од се.
Одеднаш некој ми заѕвона. Сестра ти беше.
Мислев дека ми ѕвони онака, да ме слушне…
Толку многу плачеше што не успеав ни збор да разберам од се што промрмори.
Не можев да ја смирам, пробав да и кажам дека не ја разбирам, но… кој да ја запре.
Успеав да слушнам дека сака да одам таму.
“Софиа, смири се, каде сакаш да дојдам? Дома си? Дали е се во ред?”
Му го даде телефонот некому, не му го познав гласот.
“Здраво, овде Даниел.”
“Не познавам никаков Даниел, но, сеедно, здраво господине. Може ли ве молам да ми преведете што се случува, не разбрав ништо од тоа што кажа Софиа и веќе сум загрижена!”
“Брат и на Софиа штотуку се разбуди од кома. Претпоставувам дека си им важна штом Софиа толку се брзаше да ти се јави да те извести. Како и да е, не можам да ви дадам повеќе информации во моментов. Ви благодарам на разбирањето. Догледање.”
И ми спушти. Немав време ниту да размислувам. Облеков што најдов на столицата, можеби беа и пижами, не обрнав многу внимание. Ја известив мајка ми и тргнав во Скопје. Фала му на Бог имаше автобус баш тогаш.
Патувањето ми се виде премногу долго. Но, ете пристигнав,
Не можев да те видам, бар знам дека се разбуди. Те прегледуваа.
Само на фамилијата и дозволија да те видат, нормално.
Се задржаа со прегледот, ама.. барем си добро!
Не сакав повеќе да сметам. Кога бев сигурна дека си надвор од опасност, се збогував со Софиа.
Ми се заблагодари што дојдов. Пред да си отидам само ми кажа дека не се сеќаваш скоро на ништо.
Изгледа си ја загубил меморијата?
Не беа сигурни сеуште беше премног рано за да утврдат ама веројатноста беше голема.
Можеби и така е најдобро. Да не се сеќаваш на таа вечер, повеќе од доволно е јас што се сеќавам.
Ако можеш да ме избришеш и мене од сеќавањата, би било одлично. Така веќе нема да ми додеваш...
Нашава приказна завршува овде.
Се гледаме Никогаш, љубов!
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Comments