top of page
Writer's pictureEmerara

Таа секогаш ќе се сеќава на нас

Updated: May 4, 2023

Кога сакаш нешто во животот, се трудиш да го постигнеш.

Кога сакаш некого, се бориш за таа личност.

Зошто ли и требаше толку многу време за да сфати колку многу ја сакав?

Колку многу сеуште ја сакам.


Од самиот почеток јас бев искрен со неа. Таа секогаш знаеше што мислам, што чувствувам. Никогаш не сокрив ништо од неа. Никогаш не би.


Се обидов да држам растојание како не би ја повредил. Таа не ми дозволи.

Се обидов да ја предупредам, за да не ја повредам. Неа не и беше важно.

И реков дека сум само " станица" во нејзиниот живот. Но неа и беше смешно.

Кога сфатив дека не можам да ја оттргнам од себе, ја засакав со цело мое битие.


Не бев ни свесен, таа стана се што имав.

Сакав да и помогнам.

Сакав да се грижам за неа.

Сакав да и дадам покрив над глава, и дадов.

Тоа што ѝ помагав, направи да се чувствувам комплетно.

Таа ме комплетираше.

Таа беше делот кој недостасуваше, делот по кој копнеев.


Почнавме да го уредуваме станот.

Не ми беше гајле за бојата на каучот, ниту за масата.

Само сакав да ја видам возбудата на нејзиното лице кога ќе се сложев за нешто што го избрала.

Ќе ме убиеше ако не и дозволев да го купи тој остров за во кујна за мене.

А како можев да не прифатам и да ја одбијам кога таа ме молеше со толку искрено, мило и најслатко лице! О Господи, таа беше совршена.


Никогаш не мислев дека би бил спремен за семејство. Не ни помислував на тоа...

Но, од моментот кога ја запознав таа нејзина душа, знаев дека сакам да создадам семејство со неа.

Две најубави години од мојот живот, ги поминав со неа.

Ја сакав секој ден се повеќе.

Да требаше и животот ќе го дадев за неа.

Верував дека таа е вистинската за мене.


Но, одеднаш се се смени. Заедничкиот живот одеднаш стана хаос.

Почнавме да дискутираме за секоја ситница.

Почнавме да се караме скоро секој ден.

Почнавме да спиеме разделени, во различни соби.


Таа секогаш ми кажуваше како секој нејзин роденден бил ужасен...

и како да беше намерно, ѝ се налутив баш на нејзиниот роденден.

Го направив баш она од кое се плашеше.

Не си стоев на зборот иако таа го мразеше тоа.

Правев обратно од она што таа го сакаше...

Потоа заминав.


Бев надвор од државата еден месец. Службено патување.

Не знам како очекував се да биде како порано кога ќе се вратам...

Никогаш нема да биде како порано.


Кога се вратив разговаравме.

Сакав да и кажам дека сакам да поправиме се.

Сакав да и кажам дека сакам семејство со неа.

Сакав да и кажам дека сакам да ја љубам засекогаш.


Но таа веќе имаше купено билет.

Билет во еден правец.

Имаше одлучено да си оди во родната земја.

Имаше одлучено дека не може веќе да се измачува.


Знаев дека сеуште ме сака.

Можев да го видам тоа во нејзините очи.

Во начинот на кој ме гледаше.

Можев да го почувствувам со нејзините прегратки.


Ја видов како се дели на пола.

Немаше сила да се бори за нас повеќе.

Немаше сила ниту да не остави нам.

Како двостран нож. Секако ќе бидеш исечен.


И таа се откажа од нас.

Ме остави со островчето што го беше купила.

Со шкафот што го беше склопила сама. Жени... никогаш доволно место за целата таа облека...

Ме остави опкружен со сите овие спомени.

Ме остави со целата љубов што ја чувствував за неа.

Ме остави со сите планови.

Ме остави со идеата за иднина покрај неа.

Ме напушти.

Се качи на тој лет.


Штотуку го доживеав најтешкото збогум.

Не бев ни свесен дека никогаш повеќе нема да сакам на тој начин.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺








Related Posts

See All

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
bottom of page