Зошто секогаш сфаќаме колку некој не сака премногу доцна?
Имав богатство пред мене цело ова време. Вистински маж. Вистинска љубов. Единствената љубов која секој би ја побарал. Ја пуштив да си оди.
“Верував дека ти си вистинската за мене” “Може ли да те сакам засекогаш?”. Изгледа не…
Како да ги истуркал овие зборови најдлабоко во срцево, да ме распарчат!
Никогаш немаше да претпоставам дека човек може да се почувствува така. Празен. Нецелосен. Пола. Како да ми недостига огромен дел. Принудена сум да ги избришам овие години од мојот живот. Се остана таму. Во празниот апартман. Истиот што го бевме декорирале заедно. Не го наполнивме само со мебел, ами и со спомени. Се оставив таму. Сите спомени, сите надежи. Се што изградивме заедно.
Се чувствувам како да треба да се поделам на два дела. Ја оставив мојата душа, цела моја внатрешност со него, и го враќам само телово назад. Но за што им е празно тело? Нема ништо внатре. Празнина. Црнило.
И како се збогуваш со единствената личност за која ти е гајле? Како си одиш? Дали станува полесно некогаш? Како би започнал од почеток така нецелосен? Како би се смеел знаејќи дека никогаш повеќе нема да ја почувствуваш таа силна прегратка? Огнот кој го предизвикуваа неговите бакнежи. Единствениот допир кој дури и од внатре се чувствува? Хм?
Сакам да го паметам среќен. Со насмевката што јас ја вметнував на неговото лице. Дали и ти веруваш дека ако врне на денот кога си одиш од некаде, тоа значи дека ќе се вратиш на истото место? Започнав да верувам во тоа , бидејќи се гледам себеси таму! Со мислите сум веќе таму! Секогаш ќе се сеќавам така на нас.
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Comments