top of page
Writer's pictureEmerara

Синкопа

Поглавје 5

 

Секој ден патував. Требаше да те оставам со девојка ти, но не можев. Чекав во болница да се разбудиш.

Првите неколку дена беа фатални со твојата критична состојба… сите беа на штрек цело време.

Верував дека ќе закрепнеш. Не се откажуваш, не толку лесно. Борец си. Силен. Разбуди се! По ѓаволите!

Само сакам да се збогувам како што треба. Потоа ќе те оставам на девојка ти.

Само сакам збогум што нема да ме боли толку многу. Се надевам дека нема да боли…


Ме пуштија да влезам во собата.

Беше толку мирен, спиеше. Убав како и обично. Но тажен. Со повреди по лицето и по целото тело.

Би сакала да те допрам и да ти излечам се. Но, јас ја немам таа моќ.


Сакам да ти кажам толку многу работи. Сè што никогаш не ти кажав. Се што премолчив.

Сакам да ти кажам дека ја сакам твојата среќа, но ја сакам далеку од мене.

Толку многу те сакав што тоа ме искрши. Повеќе не сакам да страдам.

Живеј! Но живеј далеку од мене.

Отвори ги очите и оди! Таа те чека надвор. Биди среќен!


Велат дека човек во кома може да те слушне. Ќе чекам да се разбудиш и да ми потврдиш, добро?

Знаеш дека отсекогаш ми беше најголемата слабост, нели?

Сите овие години ги поминав со тебе, зошто?

Овде, таму. Цело време со нови надежи. Знаев дека никогаш ништо нема да се смени, но сепак не престанав да се надевам. Никогаш не ја изгубив надежта.

А ниту желбата.

Но, време е да те пуштам.

Нашето заврши.Сега си нејзин.

Си одам…

Внимавај на себе, добро?

Те молам!




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺




Related Posts

See All

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
bottom of page