Животот е сложувалка која самите ја креираме. Сите ние постојано бараме делови. Постојано редиме.
Едни наоѓаме, други губиме, трети се излитени а повеќето немаме претстава ни како изгледаат.
Не знаеме колку се на број.
Не ја знаеме нивната големина.
Не ја знаеме крајната слика.
Финалниот резултат.
Имаме само мала претстава, мал патоказ кој не води низ оваа игра наречена живот. Ако згрешиш едно делче, крајот се оддалечува. И се враќаме наназад неколку чекори.
Интересното со сложувалкава е тоа што, може да има повеќе слики. Сите навидум точни. Но, некои од нив се привремени, по одреден период се распаѓаат. Сите тие препреки и падови само имале за цел да те припремат. Па штом извежбаш и поминеш повеќе техники, веќе ќе знаеш кои делови да ги исфрлиш а кои да ги закрпиш да не се поместат.
Како и секоја игра, секој чекор те носи на различно место.
Доколку е правилен чекор се искачуваш нагоре по скалилата а веќе поминатите скали исчезнуваат.
Доколку чекорот е погрешен те враќа на почеток одново да ги искачиш скалите. Но, овој пат ќе направиш промени.
Ако уште еднаш згрешиш, ќе се вратиш назад повторно. И секој пат ќе се навраќаш на скалилото каде си ја направил грешката со цел да ја поправиш. И многу битно и од суштинско значење. не гледај кој стои на врвот на скалилата.
Гледај кој ти ја држи раката при сите овие бури.
Кој ти ги смирува сите тие немири.
Кој ти пружи јаже за да се задржиш. Да се потфатиш.
Кој со тебе бара спас од ова торнадо кое го приредува животот.
На крајот на денот, сите сакаме само едно.
Да ги искачиме скалилата на животот.
Да ги поминеме сите левели на играва.
Да ги пронајдеме сите делчиња од сложувалкава.
Таа да ни е целосна а душата преполна. И до нас, нашето "и во добро и во лошо".
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
💯