top of page
Writer's pictureEmerara

Совршено несовршен

Updated: Oct 26, 2023

И одеднаш се ти е јасно како ден.

Си се заљубил. Дур трепнеш веќе си зависен.

Како кофеин без кој не можеш да се разбудиш наутро.

Како кафе кое не е слатко без цигара.

Како сендвич кој не оди без помфрит.



Кризираш.

Како инсулин за дијабетичар.

Како инхалатор за астматичар.

Како цигара за активен пушач.

Како ракија за алкохоличар.

Така јас за тебе.


Како со хефталка да те прикачил некој за моево срце.

Како жица зарасната во кожа.

Стана дел од мене и веќе сè е залудно.


Некои личности ти се појавуваат во животот, и таму остануваат.

Некои се лекција други се пример.


Како жената која уморна стоеше пред влез, па и ја подарив мојата ружа.

Ѝ посакав Среќен 8ми Март и уморот и стана радост.

Тој нејзин израз вреди не една ружа, ами градина цела!


Како дедото што чекаше пред Тинекс за да му ја даде храната која штотуку ја купил на маалското кутре.

Благодарноста во неговите очи кога виде дека си играм со него.

Како да сакаше да ми каже фала, дека за момент ќе почувствува љубов.

Прекрасна глетка. Од оние што греат души.


Како човекот што реши да го прекрши правилото “само по еден внатре” и ја задржа вратата за да влезеш.

Да не стоиш надвор на ладно.

Толку обичен гест, а толку пријатен!


Како типот во Маракана кој не пофали за перформансот на песна што ја обожаваме.

Ја пеевме од душа.

За дуетот кој беше аматерски, ама најискрен.

Лош за слушање ама изнудуваше насмевка на сечие лице.


Како девојката која се појави од никаде и ми кажа колку ми е добар стајлингот.

Ништо важно, ама се запаметува.

Останува таму некаде во потсвеста.

Во фолдерот “ни фалат вакви луѓе на планетава”.

Под категорија “не кошта ништо да си фин”.


Да, на светов му фалат личности како ти.

Не, не те идеализирам, те опишувам.

Ти си совршено несовршен.

Та и твоите маани ги засакав.

Интересни се.

Необични.

Несекојдневни.

Будалести.

Твои се.

Твоја сум.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺


Related Posts

See All

Диши

4 Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
Guest
May 22, 2023
Rated 5 out of 5 stars.


Like
Emerara
Emerara
Aug 11, 2023
Replying to
Like

Guest
May 18, 2023
Rated 5 out of 5 stars.


Like
Emerara
Emerara
Aug 11, 2023
Replying to
Like
bottom of page