Поглавје 1
Гужва. Само таа блескаше. Се смешкаше. Како нејзината насмевка да се рефлектираше на мене. Се смеам без да забележам.
Продолжувам да ја гледам. Ми ја префрли нејзината среќа. Ме исполни со некоја неопислива емоција.
Веднаш посакав да ја запознаам. Тргнав да ја барам во гужвата составена од куп лажни насмевки.
Се претстави како Лусиа, ми рече викај ме Луз. Ми остави впечаток дека го исполни мојот живот со светлината која блескаше од неа.
Започнавме разговор и се почувствував како да зборувам пред огледало. Како бе може да има толку сличности кога само што ја запознав? Како да бев клониран во нејзиното тело.
Не е од овде. Рече дека живее во друг град. Во тој момент таа информација воопшто не ми беше важна. Со фактот дека ја бев запознал ми беше повеќе од доволно.
Времето поминуваше.. нашата комуникација беше на добар пат. Да не речам совршена. Но, далечината почна да ме полудува. Не ми беше доволно да ја гледам само за викенди.
Сакав сé со неа.
Сакав да се будам до неа. Да ја гледам светлината која блеска од неа, а не оваа од прозорциве.
Сакав бакнеж за добро утро и друг за добра ноќ.
Едно "те чекам, кога се враќаш? " , едно "сонце ќе си правам кафе, сакаш и ти?".
Сакав сé или ништо.
Испаничив. Не се сеќавам кога последен пат сум чувствувал страв од помислата да изгубам некоја, од помислата да не ја видам, да не го слушнам нејзиниот глас.
Страв ми е да ми недостига.
Страв ми е да се заљубам и да ја немам до мене.
Да не можам да ја бакнам. Гушнам... Да останам во кревет до неа, не правејќи ништо. Гледајќи ја.
Воодушевувајќи се од најубавото лице што некогаш сум го видел.
Почнав да размислувам додека не се изгубив. Паднав во таква депресија, да целово тело ме болеше, секој атом, секоја коска. Почнаа да ме гушат сопствените мисли.
Почнав да се расправам со неа бидејќи не знаев да се справам со ситуацијава. Немаше начин да ги запрам сопствените мисли. Да го смирам ураганот кој растеше во мене. Се расправав додека не ја оттурнав од себе. И ја оттурнав. Ја изгубив. Ја изгубив единствената светлина во мојот живот.
Сега живеам во темнината. Во тишината. Во осаменоста.
Стојам пред огледало. Го гледам лицево мое, но веќе не е насмеано. Веќе нема ни светлина, ни сјај, ни емоциии ни ништо.
Личам на пластична кукла. Остана само мојот облик и тоа што бев пред да ја запознаам неа. Остана само празен облик. тажни очи и нем глас.
Душа која се дере во тишината а врисоците ги слушам само јас. Сакам да врескам но не излегува глас, не излегува звук, не излегува ништо.
Па дури ни лажна насмевка. Лажни зборови. Излегува само мојот внатрешен глас кој ми се дере затоа што ја пуштив да си оди.
Ја пуштив мојата душа близначка.
Ја пуштив мојата светлина.
Ја пуштив...
*Луз - португалско и шпанско женско име и презиме, што значи „светлина“.Даденото име е скратено од „Nossa Senhora Da Luz“, римокатолички епитет на Дева Марија како „Нашата дама на светлината“.
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
bravooo