Во последно време слушам лоши работи за себе, работи кои не личат на мене, како да опишуваат друга личност. Да бидам искрена... Сега веќе не знам. Можеби се во право, а јас и не сум така добра личност. Можеби немам вредности и сум себична.
Иако тоа е во ред. Мене ми функционира, а им смета на другите. Се што направив никогаш не беше доволно за благодарност. Дури ни за да се запамети. Се остана во минатото, исто како и јас.
Дали понекогаш се прашуваш зошто не си доволна?
Зошто никој не ја гледа твојата добра страна?
Или можеби добра страна воопшто и не постои?
Ја нема?
Дали се прашуваш што треба да направиш за да покажиш дека имаш добри намери?
Или да ја покажеш својата љубов кон некого?
Тие дури почнуваат да те убедуваат дека си најлошата личност на светот. Дека си безвредна, дека се е твоја вина и на никој друг.
Дозволи ми да ти кажам.
За погрешна личност никогаш нема да бидеш доволна и секогаш нешто ќе недостасува. А ако има љубов, тогаш не ти треба ништо друго освен таа личност. Затоа што ја прифаќаш таква каква што е. Не се обидуваш да ја промениш.
И ако во кое било време се чувствуваш помалку од она што навистина си, не се менувај себеси, менувај го она што те опкружува и оние кои те опкружуваат. Промени го местото, смени ги луѓето, не се менувај ти!
Не ти треба негативност во твојот живот. Ниту луѓе кои не те ценат.
Напротив!
Потребна ти е поддршка во сѐ.
Емоционална поддршка.
Некој кој знае дека „не ми треба помош“ всушност значи „не сакам да те мачам“.
Некој кој знае да ја препознае лажната насмевка што ја ставаш само за да не мора да објаснуваш „зошто“.
Некој кој знае кога „остави ме на мира“ значи „прегрни ме најсилно што можеш“.
Затоа што вистинската личност ќе знае се да препознае со еден твој поглед. Ќе знае да ти чита од очи и зборовите нема да се потребни. Ти заслужуваш да бидеш сакана, почитувана, третирана како принцеза. А ако не си, продолжи по својот пат додека не го пронајдеш тоа или уште повеќе, но никогаш нешто помалку.
Сакај се себеси!
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Comments