top of page
Writer's pictureEmerara

Илузии на Животот

Updated: Dec 12, 2024

Се сеќаваш на првиот пат кога одлучив да оставам сѐ зад себе и да дојдам кај тебе? На аеродром, кога ме здогледа, се стрча со среќа во очите, ме крена високо и ме вртеше наоколу како да не си ме видел цела година. Но, се разбира, тоа никогаш не се случи. Тоа беше само моја фантазија.


Или кога одевме во паркот, само јас и ти. Го шетавме мирно, држејќи се за раце, уживавме во свежиот воздух и звуците на природата. Гледавме како сонцето се спушта зад хоризонтот, и како ноќта полека го обвива светот околу нас. Ни тоа не се случи, беше само плод на мојата имагинација.


Се сеќаваш кога решивме да одиме на излет? Спакувавме грицки, ладни пијалоци и сендвичи, се упативме кон езеро кое никогаш не го видовме. Возењето беше полно со смеа и разговори, и кога стигнавме, пејзажот беше како од бајка.


А летоска кога возевме велосипеди низ градот? Од утро до вечер, возењето беше полно со возбуда и радост. Стигнавме до еден помал парк, каде ги наместивме хамоците и пуштивме музика, дозволувајќи му на мирот да не освои. Ни тоа не беше вистина, дали воопшто имаме заеднички омилени песни? Ах да, имаме две заеднички омилени песни...

Кога се вративме дома, излеговме на балконот да го гледаме зајдисонцето и да уживаме во топлиот ветер. Не моравме да зборуваме, доволно беше што бевме заедно. Еден до друг. Доволно беше да те држам за рака, да знам дека си до мене. Дека си мој.


Или можеби не? Можеби ова е само уште една од моите фантазии.

Само сон што не се остварил.

Или можеби не се остварил затоа што требало да се разбудам.

И се разбудив.




Одрекување од одговорност:

Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺

Related Posts

See All

Диши

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating
bottom of page