Можам да го слушнам автомобилот. Ете си, „бип бип“.
Те замолив да уживаш само 5 минути и да танцуваш со мене.
Ти подадов рака и држејќи ја, излезе од колата.
Почнавме да танцуваме на мојата нова омилена песна, што ти пееше во кола, каква случајност, ха?.
Ја слушав без прекин. Беше толку посебна за мене!
Ме повлече поблиску.
Можев да го почувствувам твојот допир на мојот грб.
Можев да те мириснам. Го вдишав сиот тој парфем.
Можев да го почувствувам твојот здив на мојот врат, на моето уво.
Тоа ме направи нервозна.
Ми ги предизвика сите пеперутки во стомакот.
Какви пеперутки, цела зоолошка!
Дали можам да го имам овој танц засекогаш?
Морам да признаам дека ми се допаѓа ова чувство, но не го очекував… Не бев подготвена за ова.
Мислев дека никогаш повеќе нема да го почувствувам.
Бев сигурна дека сум имуна после него...
Требаше само да танцуваме, од каде произлегоа овие вибрации?
О, Боже! Зошто те замолив да танцуваш со мене?
Требаше само да одиме на кафе.
Бевме само пријатели.
Но, пријателите не прават да се чувствувате вака, зарем не?
Не, така?
Дали е ова некаква надградба на нашето .. пријателство?
Морам да го игнорирам ова чувство, да го преспијам и да размислам….Толку е нејасно.
Но, не можам да заборавам колку добро направи да се чувствувам.
Толку важно. Толку уникатно. Просто неверојатно.
И ми ја отвори вратата од кола?! Мислам што??
Дали тоа сè уште постои?!
Што си ти? Дали си реален?!
Дали си вонземјанин?!
По ѓаволите! И за прв пат останав без зборови.
И да, тоа дефинитивно беше одлична вечер!
Една од оние ноќи кога едноставно не сакате да излезете, но потоа тие завршуваат одлично,
Токму тоа се случи.
Првично се чувствував мрзеливо и превртував со очите, но потоа ме плени убавината на ноќта.
Па наздравје за тоа!
Одрекување од одговорност:
Приказниве се зачинети со многу драма, а ликовите се измислени, затоа што драмата почнува тогаш кога логиката завршува. ☺
Kommentarer